Луѓе ширум светот умираат секој ден – Потресна исповед на медицинска сестра: „Кога некој ќе умре од корона најлош звук е….Ве молам слушајте ги лекарите и сфатете го ова сериозно!“

Никогаш не сум видел вакво нешто, никогаш не сум морала да се грижам за некој што е толку здрав и болен во исто време…
Откако изби пандемијата на коронавирус, на социјалните медиуми седојдненво кружат медицинските извештаи. Сестрата на Александреа Мацијас, во подолга објава на Фејсбук ги опишала тешкотиите со кои се среќавала додека ја работи својата работа а открила и што особено влијае врз неа.
Таа објаснила дека ѕвонењето на мобилните телефони на починатите пациенти чии најблиски сè уште не дознале за нивната смрт и дека сакале повторно да ги слушнат е најтешко. За само 24. часа, нејзината објава, во која признала дека се плашела дека најверојатно ќе добие ПТСП после ова, била споделена 54.000 пати.

„ Никогаш не сум видела вакво нешто, никогаш не сум морала да се грижам за некој кој е толку здрав и во исто време фатално болен. Инаку, не работам на интензивна нега, но сега треба да работам затоа што немаме доволно персонал или опрема или лица со искуство (и кој би можел да има искуство за ова ниво на болест?). Веќе два дена велам дека сакам да одам дома, но колегата секој пат ме разубедува затоа што тој знае колку би жалела ако престанам да помагам. Затоа останувам“, напишала таа.


I haven't posted a true update in days because I could not find anything positive to say. I tried since Thursday to…


Gepostet von Aleixandrea Macias am Montag, 6. April 2020

Таа понатаму открила дека ова е нејзиниот 11-тти ден откако се грижи за пациенти на интензивна нега и опишала колку е тешко за неа да работи со смртно болните пациенти.
„Се грижам за нив сè до нивната смрт. Никој сè уште не го напуштил нашиот оддел освен во вреќа за мртовци. Се борам да ја разберам целта да бидам тука. Луѓето со сериозни респираторни проблеми доаѓаат кај нас секој ден и се многу исплашени. Им објаснувам што прави коронавирусот на телото и кои се ризиците од интубацијата. Ги слушам нивните последни повици до членовите на семејството. Ако за нешто остануваам овде, тогаш е фактот дека им помогнав да ги поминат последните мигови со своите најблиски. Кога умираат, нивните работи сè уште се таму. Ѕвонат мобилните телефони. Најлошото е кога ќе слушнам дека на кој од починатите му ѕвони мобилен телефон и знам дека некој ги повикува, молејќи се да го повикаат уште еднаш“, пишува Александра.


Таа додала дека ова не се однесувало само на старите луѓе.

„Тие се млади, многумина без никакви медицински проблеми. Физички силни луѓе кои работеле неколку работни места сè додека Ковид не започна да ги уништува нивните тела. Овој вирус убива. Во еден момент, тоа едноставно станува обид да ги задржиме половина живи колку што е можно подолго. Понекогаш нашите напори се чини дека се залудни, но даваме се’ од себе затоа што знаеме дека би сакале некој да го стори тоа за нас. Како медицинска сестра, видов како стотици луѓе умираат, но тие обично се опкружени со членови на семејството и можат да се простат. Не со Ковид, овој пат нема прошка. Не можам да ви кажам колку боли, колку е стварно и колку се плашам дека тоа ќе ми се случи и мене. Не можам да направам ништо, но ве молам слушајте ги лекарите и сфатете го ова сериозно. Ме боли срцето за семејствата што изгубиле предвреме некој, за оние кои се болни и во страв и за сите нас што ќе го преживееме ова, но сигурно ќе добиеме некаков ПТСП кога ќе заврши сето ова“, заклучила Александра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …