Љубе Бошкоски: „На Инфективна сум, но се чувствувам одлично!“

Лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на Фејсбук потврди дека е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но вели дека се чувствува добро.
„Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“, напиша Бошкоски.


Тој уште минатата недела изјави дека е заразен со коронавирусот. Направил тест за проверка од ковид-19 затоа што сакал да патува во Хрватска, но се покажало дека е заболен. Тогаш рече дека е во изолација во родното село Челопек во тетовско.
Освен Бошковски, на Инфективната клиника претходно беа хоспитализирани и претседателот на Собранието, Талат Џафери и пратениците Милошоски и Зибери.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …