ЛОШИ ВЕСТИ – После 102. дена короната се вратила на Нов Зеланд

Во Окланд е прогласена состојба на 3 степен

После 102 дена, коронавирусот повторно се појави во Нов Зеланд, поради што градот Окланд повторно беше ставен во карантин, пренесува „Блумберг“.
Коронавирусот се појави во едно домаќинство, а не е познато како здравствени власти сега ги следат контактите со цел да го спречат ширењето на инфекцијата, рекла денеска премиерката на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн.
„ Заедно веќе го победивме вирусот. Можеме да го направиме тоа повторно сега“, рекла Ардерн.
Сега е прогласена состојба на ниво 3 во Окланд, што значи дека на луѓето им се советува да не излегуваат надвор и да избегнуваат контакт со другите.
Во остатокот од земјата е прогласена состојба 2, што значи дека луѓето треба да се придржуваат кон мерките на пропишаната оддалеченост и дека ќе има ограничен број на собири на јавни места. Оваа одредба ќе важи три дена.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …