„Лица на револуцијата“ – изложба на необјавени портрети на македонски револуционери

Денес во Дом на млади Штип, со почеток од 19:30 часот, ќе биде отворена изложбата на необјавени портрети на македонски револуционери со наслов „Лица на револуцијата“.

„Лица на револуцијата: Внатрешната Македонска Револуционерна Организација низ фотографии, 1893 – 1934“, изложба која со својот прониклив наслов, ветува дека ќебиде повеќе од патување низ минатото. Станува збор за револуционерно истражување на едно клучно поглавје во македонската историја, со досега необјавени фотографии од илинденската епопеја, кои ексклузивно ќе и бидат откриени на јавноста за прв пат.


Од предилинденскиот период, преку Илинденското востание, до постстилинденската ера (1893-1903-1934), овие фотографии ги оживуваат личностите и историските настани кои ја дефинираат македонската борба за слобода.

Ова ексклузивно откривање на досега необјавени фотографии е покана да зачекориме низ историјата, да се поврземе со личностите кои ја обликувале македонската нација.


Изложба на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …