Долго се полемизирало дали потоплото време и зголемената влажност ќе го забават ширењето на вирусот корона. Еве што велат кинеските научници.
Научниците од универзитетот Џингхуа и универзитетот Беијанг во Пекинг тврдат дека споменатите два фактори може да влијаат на корона вирусот.
Од почетокот на пандемијата КОВИД – 19, овие експерти ја проучувале врската помеѓу надворешната температура, влажноста и вирусот корона.
Нивните истражувања покажале дека потоплото време ќе го забави ширењето на инфекцијата, но дека овој фактор не е доволен за да се запре пандемијата и да се намали бројот на пациенти.
Сепак, студијата е надежна, а експертите во Кина соопштија дека вирусот не може да преживее на 30. степени и дека зголемувањето на температурата за еден степен или зголемувањето на влажноста од еден процент, го намалува ширењето на инфекцијата.
Научниците се убедени дека ригорозните мерки како што се изолацијата на покраините и потопло време ќе играат клучна улога во запирањето на пандемијата.
Овие фактори дадоа резултати во Кина.
Искуство во Кина
Повисоките температури во Кина го намалија бројот на луѓе кои можат да бидат заразени, од 2,5 на 1,5.
Епидемијата во Кина достигна врв на крајот на февруари и потоа со доаѓањето на пролетта почна да опаѓа. И тоа во 100 градови каде беше спроведено истражувањето.
Тие за време на истражувањето ги набљудувале промените во температурата и влажноста пред 24. јануари и воведувањето изолација и други ригорозни мерки по тој датум и до средината на март.