Епидемиологот кој пред 14. години предупредувал на ПАНДЕМИЈА СО КОРОНА ВИРУС ОБЈАСНУВА што уште не чека: Ова нема да запре додека не се случат овие 3 РАБОТИ!

Епидемиологот Лари Брилијант (75), кој го предупреди светот на пандемија во 2006. година, вели дека можеме да го победиме коронарниот вирус, но нашиот прв приоритет е масовно тестирање.
Пред 14 години, Лери Брилијант, епидемиолог вклучен во искоренување на сипаници, во својот говор на ТЕД зборувал за следната пандемија. Неговите предвидувања биле толку застрашувачки што малкумина го сфатиле сериозно. И сега на сите им е јасно дека тој бил во право.
„Милијарди ќе се разболат. Ќе умрат околу 165 милиони луѓе. Ќе има глобална рецесија и депресија, а трагедијата од над 100. милиони мртви нема да биде ништо во споредба со трагедијата која ги чека преживеаните – рецесија, депресија, недостаток на работа, недостаток на здравствена заштита. Последиците од таа пандемија ќе бидат незамисливи“, зборувал пред 14. години.
Тој незамислив пекол пристигна денес, а Брилијант е во првите редови на тимот да стави крај на оваа пандемија, која штотуку започна,но која во целост ги сврти нашите животи.
Во интервју за списанието Wired, тој зборувал за тоа што нè чека за време и по оваа пандемија.
„Го насловив мојот говор за ТЕД ‘Помогни ми да ја запрам пандемијата’. Мојата желба не беше исполнета во тоа време, но некои од системите што ги барав во тоа време беа во функција. Смешна работа е, сите сте го виделе филмот “Contagion” (Зараза). Луѓето велат дека тој предвидел сè. Не, науката го кажува тоа. Епидемиолозите последниве 10. до 15. години предупредуваат дека ова ќе дојде, но тешко е да се натераат луѓето да слушаат.


Вирусот Корона е нов, и затоа нема никој на планетата кој е имун на тоа затоа што никој досега не го имал. Тоа значи дека може да зарази над седум милијарди на наши браќа и сестри низ целиот свет.
Што се однесува до повторната инфекција со корона вирусот за кој станува збор, верувам дека тестовите затаиле отколку што дошло до повторна инфекција. Сепак, имајте на ум дека милиони од нас ќе се разболат од овој вирус. Можно е било што. Ова е најопасната пандемија со која се соочуваме. Она што навистина е важно сега е дека сите ние се изолираме за да ја истегнеме кривата на зараза колку што е можно повеќе. Со текот на времето, ќе дојдеме до епидемиолошкиот златен прстен.
ШТО Е ЕПИДЕМИОЛОШКО ЗЛАТЕН ПРСТЕН?
Ова значи дека, прво, голем број на луѓе ќе го преболат вирусот и ќе станат имуни на него, и второ, ќе ја развиеме вакцината. Комбинацијата на тие две работи ќе биде доволна за развој на имунитет на стадо, што значи заштита за околу 70. до 80. проценти од населението.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Летаргија“ изложба на цртежи од Ангел Коруновски

Денес, во Домот на култура „Бранд Петрушев“ во Богданци, со почеток во 18:00 часот, ќе …