Концерт на Бајага & Инструктори вечерва во МКЦ

После 40 години, Бајага & Инструктори се враќаат во МКЦ. Повод: 40 години од албумот ,,Позитивна географија” и почетокот на соло кариерата на Бајага! Концертот почнува во 21:00 часот.

Во 1984та година, Бајага & Инструктори го издадоа ремек делото ,,Позитивна географија”. Таа пролет, албумот беше доста срамежливо промовиран во три града и три сали:


Белград – ,,Дом синдиката”
Загреб – ,,Кулушиќ”
Скопје – ,,Дом на млади – 25 мај”.

Оваа пролет, Бајага веќе закажа и распродаде концерти во Белград (,,МТС Арена ” – некогашен ,,Дом синдиката”) и Загреб – ,,Творница културе” (култниот ,,Кулушиќ” веќе не постои), каде во клубска атмосфера ќе се свири реприза на пролет 1984та, со ,,Позитивна географија”.


Се разбира дека и ние веднаш реагиравме, а Бајага прифати да се врати во МКЦ после 40 години, и на истата сцена од тогашен ,,Дом на млади – 25ти мај” да го отсвири целиот албум ,,Позитивна географија”, како и уште некои песни од тоа време.

Пред секоја песна, Бајага ќе раскаже приказна за тоа како и зошто е напишана… што ја прави оваа вечер уште поуникатна. Бајага скоро 40 години не ги свири ,,Знам човека”, ,,Папалине”, ,,Мали слонови”, ,,Марлена” и слично… Сега ќе го свири цел албум.


Овој пат, Бајага ќе свири прво во МКЦ, па потоа во Белград и Загреб, се вели во објавата од Авалон Продукција.

Билетите за концертот можете да ги набавите онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx во Македонија по цена од 1.500 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 20.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои одличен почеток на работа. Соработниците би можеле да ви …