Конечно вистинска информација за Оливер Драгојевиќ:„Тој е оптимист како и сите околу него, се дружи со семејството“

Се опоравува во болница – „Хрватскиот пејач од здравствени причини ги откажал концертите бидејќи пред десет дена завршил во болница. Верува дека концертите ќе ги одработи кога ќе му биде подобро“, вели Ненад Дробнјак.
Информациите за здравствената состојба на легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ (70) новинарите на 24sata.hr  ги провериле кај неговиот најблизок пријател и соработник.
„Го мина четвртиот циклус на хемотерапија па дојде до одредени нуспојави кои се вообичаени. Но, секој ден е се’ подобар. Игра бришкула со семејството, шета и го посетуваат пријатели. Лекаите ќе проценат дали за Божик ќе биде дома“ рекол утрово Ненад Дробнјак, соработник и близок пријател на Оливер Драгојевиќ.
Тој додал дека на музичарот не му било сеедно што морал да ги откаже концертите во Спаладиум Арена во Сплит.
„Се надеваме дека концертите ќе ги одработи кога ќе му биде подобро. Оливер е оптимистичен, како и сите луѓе околу него. Свесни сме дека дијагнозата не е безопасна, но има многу случаи на пациенти кои се опоравиле“ додал Ненад.
Тој нагласил дека неговиот пријател храбро се носи со дијагнозата и дека му било многу тешко поради откажувањето на концертите.
„Сите веруваме во позитивен исход и нови концерти на пролет“ заклучил неговиот пријател.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …