Шестгодишниот Рајан, водител на популарниот Јутјуб канал Ryan ToysReview веќе е мултимилионер, пишува ФОРБС.
Имено, Рајан се нашол на листата на Јутјубери кои најмногу заработиле во 2017. година. Ова момченце, во оваа години, според податоците на ФОРБС, заработило 11. милиони долари и така го зазели осмото место на скалата на Јутјуб ѕвезди кои најмногу заработуваат. Каналот го покренале неговите родители во 2015. година. Тие ја снимаат и продуцираат емисијата на Рајан поради која тој бргу станал една од најпопуларните Јутјуб ѕвезди на светот.
Се’ започнало така што Рајан како четиригодишник, кој обожувал да ги гледа рецензиите на играчки на Јутјуб, ги прашал родителите зошто и’ тој не би можел да го прави тоа. Го прославило видеото во кое отвора големо јајце на „Пиксар“, полно со играчки, кое е објавено во јули 2015.година. До денес тоа видео има повеќе од 800. милиони прегледи.
Освен играчки Рајан почнал да рецензира и слатки, а на Јутјуб го следат повеќе од 10. милиони луѓе.