Плановите за Божик на принцот Хари и Меган Маркле може да и се допаднат на кралицата!?

На традиционалната прослава на Божик на кралското семејство на имотот Сандрингам во Норфолк,оваа година ќе се придружи и свршеницата на принцот Хари, глумицата Меган Маркле, а младиот пар, наводно, ќе отседне на имотот на Вилијам и Кејт во Анмер Хил.
Младиот кралски пар близу Сандрингам го поседувал имотот Ахмер Хил, со десет спални соби каде може да го угости целото кралско семејство.
US Weekly пишува дека Хари и Меган, Божик ќе прослават во Сандрингам, но дека ќе преспијат во Анмер Хол каде ќе бидат гости на Вилијам и Кејт.
На Божик двата млади пара заедно ќе појдуваат во Ахмер Хол,а потоа ќе присуствуваат на мисата во црквата Света Марија Магдалена во Норфолк, пишува US Weekly.
Британската кралица Елизабета II. е голем поборничка на традицијата. После мисата семејството се враќа во Сандрингам на раскошен ручек, чиј мени секоја година е ист.
На кралската празнична трпеза се понудени салата со јастог или шкампи, печена мисирка со прилози, а потоа следел традиционалниот божиќен пудинг.
После обилниот оброк заедно се гледал божиќниот говор на кралицата. Оваа година се очекува честитка за свршувачката на Хари и Меган.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …