Кој ќе му помогне на Иван да го освои срцето на Ана?

Љубовната приказна помеѓу Иван и Ана го освојува Капитол мол

#КогаИванЈаСретнаАна


Во популарниот трговски центар во Скопје, Капитол мол, се роди уште една љубовна приказна. Иван ја сретна Ана и само со уште неколку денови пред Денот на вљубените останува прашањето: Како да продолжи приказната помеѓу Иван и Ана?

Капитол мол заедно со фановите на својата Фејсбук страница сака да одговори на предизвикот за тоа како Иван ќе ја покани Ана на состанок. Секој може да се вклучи со предлог на забавна активност во Капитол мол која би била совршена за нивната прва средба. За да му помогнете на Иван треба да напишете креативни сценарија. Најинтересниот од нив ќе биде дел од самата приказна и ќе добие изненадување од трговскиот центар.


Еден од фановите на Иван му посочи „Многу едноставно. Ќе ја прашаш Ана дали сака да си помине еден супер забавен ден. Кога ќе добиеш потврден одговор едноставно се договарате дека се чекате пред Капитол моли играта може да започне. Во меѓувреме ќе си направиш дупли стикерчиња (едни за тебе и едни за Ана) со Фејсбук емотикон и правилата за игра се следни: Секој емотикон кој ќе ви се совпадне едноставно го правите. Пример: Одете пред куглана и двајцата избирате срценце, влегувате и куглате. Застанувате пред Дежа Ву, двајцата покажувате стикер лајк седнувате на ручече, застанувате пред цвеќара и Ана ако покаже срценце одма цвеќенце без двоумење 😀 (ова за пред крајот на играта)… И така низ спонтаност и игра ем ќе се запознаете повеќе ем ќе си поминете супер ден“.

Кој е Вашиот совет? Предложете му на Иван на:
https://www.facebook.com/capitolmall/posts/1686146298108479


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Мајска сесија – музичка временска машина по повод Europe Day 2024

Дали сте подготвени за мајска сесија? Но, овој пат не испитна, туку музичка и патувачка! …