(ФОТО) Објави на Глоговац кои  по неговата смрт го потресоа Балканот : Ова се последните пораки на актерот

Српскиот актер Небојша Глоговац почина утрово на 48.годишна возраст, јавија српските медиуми, повикувајќи се на извори од Институтот за онкологија.
Глоговац кон крајот на јануари беше итно примен во болница и тогаш беше соопштено дека неговата здравствена состојба е сериозна.
Веќе две децении беше еден од најдобрите актери во Србија, а глумеше во многу филмови, меѓу кои и „До коска“, „Буре барут“, Кога ќе пораснам ќе бидат кенгур“, „Ќе се вратат штрковите“ и многу други.
Глоговац, кој трагично почина од рак на белите дробови, пред помалку од два месеци испрати силна порака преку Инстаграм.

Drzim se


A post shared by Nebojsa Glogovac (@garavigaragan) on


„Се држам“, напишал Глоговац на 8 декември на популарната социјална мрежа, со соодветна илустрација. Денес овие зборови звучат поболно и потажно отколку некогаш.
Последната објава на Глоговац на Инстаграм е од 16.тти јануари:

Veseli ridjani


A post shared by Nebojsa Glogovac (@garavigaragan) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …