Кинез ја запалил поранешната сопруга додека се снимала за кинеска верзија на Тикток – осуден е на смрт

Кинез ја запалил поранешната сопруга додека се снимала за кинеска верзија на Тикток – осуден е на смрт
Кинеските власти во четвртокот осудија на смрт маж кој ја запалил поранешната сопруга додека снимала пренос во живо. Таа починала две недели подоцна.
Во септември минатата година, Танг Лу истурил бензин и ја запалил 30-годишата Лхамо додека снималас пренос во живо.
Лхамо била земјоделка од провинцијата Сечуан и знаела како да ги емитува своите видеа во живо преку Доуан, кинеската верзија на ТикТок.
Лу во четвртокот бил прогласен за виновен за убиство, осуден на смрт и мора да плати отштета, пишува Би-Би-Си.

Проблеми со семејно насилство
Според извештајот на кинеската државна телевизија CCTV, Танг во минатото знаел физички да ја злоупотребува Лхамо, поради што двојката се развела во јуни 2020 година. Лу подоцна во неколку наврати повторно ја запросил, но таа одбила.
Кинеските активисти за човекови права велат дека земјата има проблем со семејното насилство бидејќи идејата дека семејните конфликти се приватен проблем е се уште вкоренета во општеството.
Во Кина, злоупотребата не се сметала за причина за развод до 2001. година, и дури во 2015. година бил воведен првиот национален закон за забрана на семејно насилство.


Фото: Принтскрин/YouTube/Schengen Story Media

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …