Животната лекција на малото девојче Аби стана хит откако нејзиниот татко објави видео во кое Аби дава совети. Аби си играла со нејзините играчки кога тато снимил како разговара со неа за животните лекции. Аби не сакала да и пречат во играта и им рекла на сите да продолжат да го прават она што го прават, да не дозволат никој да ги спречува во тоа.
Таа исто така рекла дека не смееме да дозволиме некој друг да не преземе или контролира. Таа додала дека не треба да се грижиме што велат другите. Видеото, кое првично беше објавено на „Тикток“, набрзо стана вирално, а подоцна беше објавено на Инстаграм профилот „Along Came Abby“, каде нејзиниот татко објавува различни ситуации од нивниот живот.
Фото: Принтскрин/Instagram