И’ НЕ Е НЕКОЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ: После една година брак актерот Шон Пен се разведува од 32. години помладата сопруга

Актерот Шон Пен се разведува од својата 29-годишна сопруга Лејла Џорџ, пренесува магазинот „People“.
Австралиската актерка поднела барање за развод од 61-годишниот актер до Високиот суд во округот Лос Анџелес. Шон и Лејла се во брак една година. Причината за нивната разделба во моментов не е позната.

Шон и Лејла беа во врска од 2016. Откриено е дека тајно се венчале во август 2020. година, кога активистката Ирена Медавој им честитала на нејзиниот профил на Инстаграм и им посакала среќа во бракот.


Извор за „People“ изјавил дека двојката имала брачни расправии и дека биле разделени некое време.


„Потоа се вратија еден на друг, а потоа повторно раскинаа, а Шон ја врати“, рекол изворот. „Сфатил дека греши и кога почуствувал дека може да ја загуби, работел напорно за да ја врати“.
Инсајдерот додал дека заедничката самоизолација за време на пандемијата помогнала да се зајакне нивната врска. Пен и Џорџ дури започнале меѓусебни хуманитарни акции за време на јавната здравствена криза, вклучително и помагање да се формираат места за тестирање во Лос Анџелес.
Инаку, Лејла беше трета сопруга на Шон. Претходно тој беше во брак со Мадона и актерката Робин Рајт. Исто така, на крајот на 2013. година, тој беше во врска со актерката Шарлиз Терон, а раскинаа две години подоцна.


Интересно е што Лејла Џорџ го придружуваше својот татко, познатиот актер и продуцент, Винсент Д’Онофрио, на неколку премиери…

 


View this post on Instagram

 

A post shared by GEORGE (@leilageorge)

А, Шон Пен во Кан беше со својата ќерка Дилан…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната пејачка Тања Царовска

Тања Царовска е родена на 19 март 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …