ЌЕ ВЕ НАСМЕЕ – Фотографијата на која Мајкл Даглас гледа во деколтето на Кетрин Зета Џонс стана хит

Мајкл Даглас и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс се појавија на премиерата на филмот „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ во Лондон, а многумина ги насмеал моментот кој го уловија фотографите.
Кетрин Зета-Џонс го привлече вниманието со своето појавување на премиерата на „Ant-Man And The Wasp: Quantumania“, а ниту нејзиниот сопруг Мајкл Даглас не можеше да го тргне погледот од актерката.
Имено, додека се шетале по црвениот тепих, парот се држел за раце. Фотографите го фатиле моментот во кој Даглас го гледа деколтето на неговата сопруга, а фотографијата набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Многумина коментираа дека Мајкл и Кетрин изгледаат вљубени како и првиот ден и дека Даглас не може да го тргне погледот од својата убава сопруга.
Кетрин Зета-Џонс се појави во прилично впечатливо модно издание, актерката за оваа пригода избра впечатлив пастелно син фустан. Двојката се појави во добро расположение додека се фотографираа пред проекцијата.



За потсетување, парот се венча во ноември 2000 година во хотелот Плаза во Њујорк. Актерката три месеци претходно го родила нивното прво дете, момчето по име Дилан. Во 2003 година ја добија ќерката Керис. Актерот од претходниот брак го има синот Камерон.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Очекуваат рекордна заработка – „Deadpool & Wolverine“ има најлоши критики од критичарите, публиката го одбележала како најдобро продолжение

Долгоочекуваниот „Deadpool & Wolverine“ постигна најниска оценка од критичарите во споредба со претходните филмови од …