„Ќе те обвинам дека ги злоставуваше нашите деца“ – актерката му испратила 113 страници заканувачки пораки на поранешниот сопруг

Британската актерка Алис Еванс (50) повторно е во центарот на вниманието на јавноста поради разводот со две години помладиот актер Иан Груфуд. Нивното раскинување е прилично турбулентно, особено што во меѓувреме се појави трето лице – девојката на актерот, Бијанка Волес, а сега покрај медиумите и на суд го носат својот валкан веш. Така актерот за прв пат раскажал дека Еванс го малтретирала со пораки, поради што побарал забрана за приближување.
Тој на судот доставил 113 страници пораки и мејлови кои му ги испратил приватно Еванс, а на социјалните мрежи додал и објави во кои таа, меѓу другото, го обвинува дека зема дрога.

„Таа се закани дека ќе ми го направи она што Амбер Херд му го направи на Џони Деп, ќе им каже на луѓето дека ги малтретирав нашите ќерки и неа, ќе повика полиција ако не ги исполнам нејзините барања… Таа се закани дека ќе ме прикаже како наркоман и ме стави во затвор, дека ќе напише лажен дневник од позиција на жртва на злоупотреба и ќе го објави… Дури рече дека ќе ја уништи мајка ми. Таа рече дека ќе победи затоа што сите ќе и веруваат, а не мене“, рекол Груфуд.
„Ме остави за таа лисица! Ако ме избркаш од дома, ќе им се јавам на сите таблоиди во Обединетото Кралство. Сега нема враќање назад. Разјасни си на што си. Дали мислиш дека сега си во лош глас?. Мислиш дека ќе престанам да зборувам кога сето ова ќе заврши? Остатокот од мојот живот ќе го посветам на ширење на свеста за тоа што си ми направил“, е само една од пораките Алис го испратила.


Имено, медиумите веќе некое време ги следат објавите на актерката на социјалните мрежи. Во декември напишала дека нејзиниот сопруг еднаш и рекол да оди на забава со кокаин и дека купил 24. грама кокаин. Подоцна додала дека е загрижена за себе и за своите деца бидејќи нејзиниот сопруг и неговата нова девојка сакаат да ја избркаат од куќата во Лос Анџелес каде што таа моментално живее. Алис неодамна објавила порака која ја испратила директно до новата девојка на нејзиниот сопруг.
This image has an empty alt attribute; its file name is glumica-obvinuva.jpg
„Еј, Бјанка Меј Волес, крадецот на мојот сопруг, личноста која го уништи животот што го градев толку долго, личноста која го расплака моето дете и која никогаш нема да ја заборавам. Како и да е, некој ме предупреди вечерва дека секој пат кога објавувам некоја своја релативно слатка фотографија, во рок од 19 минути се појавува некој трол кој се преправа дека е на страната на Бјанка. Иако не разбирам како некој би можел да биде на страната на таква ку**а која го одвојува таткото од неговиет ќерки кои го обожаваат, освен ако таа личност не е сосема лишена од човечка емпатија. Среќно да ти е. И ох, мислев да ставам слика од Бјанка до една моја (по сите тие твои коментари – имаш 50! Откажи се! Многу си дебела !), но јас не сум. Бидејќи тоа не етоа не е мој начин. Како ви се допаѓа ова?“, напишала актерката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …