Во срцето на историската драма „Првата дама“ се трите највлијателни први дами на Америка – Мишел Обама, Бети Форд и Елинор Рузвелт. Објавен е трејлерот за првата сезона од серијата, во режија на Сузан Бир, а за еден ден имаше повеќе од 400.000 прегледи.
Серијата зборува за американското лидерство низ објективот на првите дами за време на мандатот на нивните сопрузи. Виола Дејвис ја игра Мишел, Мишел Фајфер ја игра Бети Форд, а Џилијан Андерсон ја игра Елинор Рузвелт. Серијата навлегува длабоко во личниот и политичкиот живот на сопругата на американскиот претседател.
Сè од нивното патување во Вашингтон, семејниот живот, политичките придонеси кои го менуваат светот и влијанието на жените од Белата куќа повеќе не се крие од јавноста. Премиерата на серијата е на 17. март на телевизиската мрежа „Showtime“.
Сите три актерки кои ги толкуваа ликовите на првата дама направија неверојатни трансформации. Дејвис им открила на странските медиуми за подготовките низ кои поминала за да ја прикаже Мишел. Разговарала со неа и пробувала верзии на шминка низ куќата за да личи што повеќе на неа.
„Почнав минатата година… Имав привилегија, чест и благослов да можам да разговарам со неа и секако да ја читам нејзината книга, да го гледам нејзиниот документарец, секое видео“, рекла таа и додала: „Таа е една од оние жени и луѓе кои живеат поголем од себе и се надевам дека ќе го почитувам тоа“.
View this post on Instagram
Покрај Дејвис, Фајфер и Андерсон, во актерската екипа се Оу Ти Фагбенле како Барак Обама, Арон Екхарт како Џералд Форд и Кифер Сатерленд како Френклин Д. Рузвелт.
Во серијата глумат и Дакота Фенинг како Сузан Форд, Џуди Грир како Ненси Хау, Рис Вејкфилд како Дик Чејни, Реџина Тејлор како Маријан Шилдс Робинсон, Лили Реиб како Лорена Хикок и многу други како клучни фигури.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram