(ВИДЕО) Елвис се враќа на сцената – објавен е првиот трејлер за биографскиот филм

Како што е најавено, Елвис се враќа на местото на настанот. Објавен е првиот трејлер за претстојниот биографски филм во режија на Баз Лурман, додека Елвис го игра Остин Батлер („Беше еднаш во Холивуд“), а трејлерот покажува дека филмот ќе се вика, едноставно, „Елвис“.
Филмот ја следи кариерата на неповторливиот Елвис Присли, низ призмата на неговата комплицирана врска со енигматичниот менаџер, полковникот Том Паркер, кој го игра Том Хенкс. Приказната навлегува длабоко во сложената динамика на нивната врска која опфаќа 20. години, од подемот на Присли до врвот на неговата невидена слава. Во срцето на филмот е врската со една од најзначајните и највлијателните луѓе во животот на Елвис, Присила Присли.


Проектот, кој е прв филм на Лурман по „Големиот Гетсби“ во 2013. година, првпат беше најавен во април 2014. година, откако Лурман влезе во преговори за производство. Со оглед на харизмата на Елвис, една од најтешките задачи беше да се избере актер кој ќе може да го игра за што што е избран Батлер.
Продукцијата на филмот започна во Австралија пред две години, со пауза, бидејќи Хенкс и неговата сопруга Рита беа позитивни на Ковид и се едни од првите ѕвезди што јавно ја објавија дијагнозата. Снимањето продолжи истата година, но датумот на прикажување на филмот беше одложуван неколку пати поради пандемијата. Филмот „Елвис“ во кината се очекува на крајот на јуни 2022. година.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …