Какво време не очекува за викендот и почетокот на седмицата!

Денес беше сончево со мала до умерена локална облачност, еве што најавуваат од УХМР за наредните 4. дена.
Утре (сабота) ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура ќе се движи од 28 до 35. степени. УВ=8.
Во недела се најавува сончево со слаб до умерен северен ветер. Минимална температура: 10°C до 21°C.
Максимална температура: 30°C до 37°C. УВ=9


За понеделник се најавува сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во северозападните подрачја ќе има појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минимална температура: 13°C до 22°C. Максимална температура: 32°C до 38°C. УВ=9
Во вторник ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минимална температура: 13°C до 23°C. Максимална температура: 33°C до 39°C. УВ=9


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …