Новинарка од германската РТЛ добила отказ откако известила за подрачјето погодено од поплавите.
Имено, Сузана Охлен (39) се намачкала со кал пред да се вклучи во програмата и рекла дека помогнала во чистење на градот Бад Мунстерајфел, кој беше сериозно оштетен во поплавите што однесоа 128 животи во Германија.
https://twitter.com/i/status/1418229004415520770
„Чистење после поплавата: Новинарка на РТЛ помага да се расчисти Бад Мунстерајфел“, е насловот на телевизискиот пренос, но наскоро се појавило видео од случаен минувач, на кое се гледа како репортерката намерно мачка кал на лицето и облеката.
https://twitter.com/i/status/1418169326335582214
РТЛ се извинил за потегот на својата новинарка.
„Пристапот на нашиот репортер е во спротивност со нашите принципи и стандарди. Затоа на дотичната новинарка и дадовме отказ веднаш штом слушнавме што сторила“, се вели во соопштението.
Сузана работи во РТЛ од 2008. година. Таа беше домаќин на емисии како Добра вечер, РТЛ, Добро утро, Германија и Точка 12.
Фото: Instagram
ekran платформа за слободоумни