Какво време не очекува викендов?

Утрата се ладни, преку ден топло, навечер повторно многу свежо…о овие промени се среќаваме псоелдните неколку дена, а каков ќе биде во наредните три дена…
Еве што најавуваат од УХМР:
Денес – Претпладне сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголеми. Доцна попладне и кон крајот на денот почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. На планините во западните делови ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладен во јужните делови ќе се промени во источен и југоисточен. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 15 степени.


Минимална температура: -3°C до 2°C. Максимална температура: 7°C до 17°C
Сабота – Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минимална температура: -2°C до 5°C. Максимална температура: 4°C до 17°C
Недела – Променливо облачно, во утринските часови и попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минимална температура: 5°C до 9°C. Максимална температура: 12°C до 18°C


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …


Какво време не очекува викендов?

Под циклонска активност остануваме и во текот на првиот декемвриски викенд. Но, врнежите ќе бидат значително ослабнати во однос на она што се случуваше пред викендот. Во сабота преку ден повремен локален дожд се очекува во источниот, пред се’ југоисточниот дел од земјава. Локално ќе врне слаб дожд и’ во крајните западни делови. Најмала веројаност за дожд во сабота има во централниот регион.
Во ноќта кон недела, односно во раните утрински часови од овој ден, се очекува уште еден бран на умерен дожд кој бргу ќе пројде од запад кон исток.
Преку ден во недела останува облачното време, но врнежите би биле слаби и релативно ретки. Се очекуваат во крајните источни и крајните западни делови.
Недела ќе биде и’ нешто поветровита, особено во јужната половина од земјава.
Наутро минималната температура и во сабота и во недела ќе биде прилично висока, а ќе има вредности помеѓу 5°С и 10°С во поголем дел од населените места.
Mаксималната температура во текот на овие два дена ќе биде во границите помеѓу 8°С и 11°С во северната и западната половина од земјата, а долж југот на повардарето и југоисточниот крај помеѓу 11°С и 15°С, најавуваат од meteopro.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …