ЈАВЕН ПОВИК ЗА РЕГИОНАЛЕН СТРИП НАСТАН

Од 28.10 до 09.11.2023 е во тек пријавувањето за 14 регионална манифестација 24 ЧАСОВНО ЦРТАЊЕ НА СТРИПОВИ која е отворена за стрип автори од регионот.

Според информацијата од Томе Трајков-програм координатор на Стрип центар на Македомија , 14-тото издание се одржува во сабота, 11 ноември 2023 година од 12 часот и ќе трае до следниот ден 12 ноември 2023 ,исто така во 12 ч.


Се црта во живо од  определени пунктови во градовите :  Госпиќ ,Херцег нови ,Љубљана , Осиек , Риека , Сплит , Загреб  но , исто така се овозможува  цртање од дома и  објавување на  изготвени  стрип на  онлајн платформата https://www.24satnocrtanjestripa.com/

 Како што истакна  Трајков , од страна на соработниците и пријатели  од Хрватска    бргу е прифатена  неговата иницијатива за мобилизирање  на македонските стрип автори .


Што се однесува до организацијата , таа е спонтана нема посебен организатор .На светско ниво истата ја создава реномираниот стрип теоретичар  Скот Мек Клоуд , а во регионот  авторот  Дарко Мацан на Академијата во Загреб во 2010. Оваа акција  низ годините бргу се проширува . Уште една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската истоветна акција , којашто се организира во месец октомври.-завршува Трајков.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ – нова изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Од 18 мај, во Музејот на современата уметност – Скопје, посетителите ќе можат да ја …