ЈА ЗАГУБИЛ БИТКАТА СО БОЛЕСТА – Почина Гилберт Готфрид, легендата на комедијата

Најпознат е по тоа што му го „позајми“ гласот на папагалот Јагу од „Аладин“, потоа по улогата во „Полицаецот од Беверли Хилс 2“.
Американскиот комичар Гилберт Готфрид почина на 67-годишна возраст, објави неговото семејство на Твитер.
-СО Скршени срца, ве известуваме дека нашиот сакан Гилберт Готфрид почина по долго боледување, се вели во соопштението.
Готфрид ја започна својата кариера како стенд-ап комичар во Њујорк на 15-годишна возраст.
Познат по својот препознатлив глас, Готфрид одигра многубројни улоги во својата кариера, но на гледачите можеби им е најпознат по тоа што му го „позајмува“ гласот на папагалот Јаго од „Аладин“, потоа по улогата во „Полицаецот од Беверли Хилс 2“, „Погледни кој зборува 2“ и во сериите „Управување со гневот“, „Шоуто на Козби“, „Закон и ред“, „Хана Монтана“. Во 1970-тите, тој беше член на актерската екипа на шоуто Saturday Night Live.

This image has an empty alt attribute; its file name is gilbert-gotfrid-1.jpg


Списанието „Ролинг Стоун“ го опиша во 2005 година како „најбрилијантен или најодбивен комичар, во зависност од тоа кого прашувате“.
Беше омилен меѓу колегите комичари. Актерот Џејсон Александар, кој го глумеше Џорџ во ТВ серијата „Seinfeld“, напиша на Твитер:
„Ме насмеа дури и во моменти кога смеата не доаѓаше лесно. Каков подарок! Не го познавав добро, но многу ми се допадна она што ни беше заедничко“.
-Покрај тоа што беше најпознатиот глас на комедијата, Гилберт беше прекрасен сопруг, брат, пријател и татко на своите деца. И иако денес е тажен ден за сите нас, ве молиме насмејте се што е можно погласно во чест на Гилберт, се вели во соопштението на семејството.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …