ИЗЛОЖБА на 53-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2021

На 3 ноември (среда) 2021 во 19 ч. во галерија ОСТЕН се отвора официјалната изложба на 53-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2021 
На изложбата ќе бидат изложени карикатури од 32 селектирани и наградени карикатуристи. На наградените карикатуристи присутни на отворањето на изложбите ќе им бидат врачени наградите, па по овој повод, во Скопје се дојдени карикатуристи од Белгија, Израел, Хрватска, Србија… (повеќе на линкот: http://www.osten.mk/nagradi-sgk-2021)
Специјални гости на настанот се карикатуристи – финалисти на Проектот за дигитални карикатури „ЕУ – работа во тек…”, кој ОСТЕН го организираше во партнерство со Гете-институтот Скопје (повеќе на линкот: http://www.osten.mk/eu-work-in-progress)
Во рамките на активностите предвидени со Проектот за дигитални карикатури „ЕУ – работа бо тек…” деновиве се одвиваат и следните програмски активности:
 
2-4 ноември (вто.-сре.-чет.) 2021 | 3-дневна креативна работилница за млади карикатуристи од регионот, предавач: Лук Десхимакер, Белгија (http://www.cartoongallery.eu/englishversion/gallery/belgium/luc-descheemaeker-o-sekoer)
4 ноември (четврток) 2021 во 19 ч. во Куќата на Европа (Делегација на ЕУ во Скопје) ќе биде одржана панел дискусија на тема „Надежи и стравови за пристап до ЕУ – преку острото око на карикатуристот”.
Модератор: Корнелија Конеска (ОСТЕН Скопје)
Панелисти:
Тања Кругер (Гете-институт Скопје)
Претставник од Делегацијата на ЕУ Скопје
Лук Десхимакер, Белгија – карикатурист
Борис Еренбург, Израел – карикатурист
Давор Драмиќанин, С. Македонија – Мак стрипови
Панек дискусијата е од отворен карактер, со почитување на сите протоколи за организирање на јавен настан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …