(ФОТО) ВУЈКО ФРЛИЛ ДЕВОЈЧИЊА НИЗ ПРОЗОРЕЦ: Хорор во Русија, маж ги убил роднините затоа што биле „премногу гласни“!

ПОЛИЦИЈАТА во сибирскиот град Кизил уапсила 23-годишно момче откако девојчиња на возраст од девет и 14. години биле фрлени од осмиот кат во зграда.
Соседите од комплексот згради во градот Кизил, рекле дека слушнале страшни врисоци, кога девојчињата паднале во смрт, од висина од 24 метри, пренесува Miror..

Едната од сестрите починала на лице место, додека другата им подлегнала на повредите во болница во Република Тува, во јужен Сибир.


Очур Санчат, млад човек е осомничен дека е одговорен за смртта на двете сестри, инаку е роднина на мајката на девојчињата. Тој наводно тврдел дека биле „премногу гласни“ во станот, во кој изнајмувал соба, бидејќи поради кражба на автомобил бегал од претставниците на законот, велат од полицијата.
Нивната мајка работела ноќна смена во кафуле, кога и биле убиени ќерките, додека нејзиното трето девојче, близнакот на деветгодишното девојче, спиело и останало неповредено.


                                                                                                 Убиени сестри


На Санчат му е одреден двомесечен притвор поради сомнение дека извршил двојно убиство. Полицијата соопштила дека мажот признал дека ги фрлил низ прозорецот.
Тој избегал и не дошол на судење, па по него била распишана потерница. Сосетката и се јавила на нејзината мајка, кога ги слушнала девојчињата.

                                                                                                 Очур Санчат


– Ме разбуди страшен крик и тресок на вратата од балконот. Како што сфатив што се случува, буквално една минута подоцна се слушна силен татнеж и девојчињата повторно врескаа. Сето тоа траеше можеби неколку минути – рекла Ирена.
Сето тоа, како што рекла жената, се повторило уште еднаш и бидејќи била сама со децата дома, не се осмелила да види што се случува, туку веднаш повикала полиција.Полицијата врши увид и ги проверува пријавите во полиција, која во текот на неделата што и претходела на трагичната смрт на девојчињата неколку пати била повикана да ја провери состојбата во тој стан.


                                                                                    Ги фрлил од висина од 24 метри

Фото: Полиција на Република Тива и принтскринREN TV/социјални мрежи

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …