Итната медицинска помош со девет медицински екипи за празникот – граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки

По повод празникот Успение на пресвета Богородица, кога се очекува зголемен број верници да ги посетат верските храмови, Министерството за здравство апелира да се почитуваат превентивните мерки и препораки за носење заштитна опрема (маска или марама), одржување дистанца од најмалку еден ипол до два метра, често миење и дезинфекција на рацете, како и избегнување на поголеми групирања.
Службата за итна медицинска помош по повод празникот има ангажирано девет медицински екипи за подрачјето на град Скопје, а во кругот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица” ќе има и дежурно амбулантно возило со комплетна медицинска екипа, во периодот од 7 до 16 часот.

Во услови кога Итната медицинска помош регистрира од 80 до 100 интервенции дневно, а зголемување е забележано кај бројот на транспорти, кои изнесуваат и до 30 во тек на денот,  и од оваа служба апелираат на строго придржување до превентивните  мерки како единствен начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави поранешниот македонски кајакар Лазар Поповски

Лазар Поповски е роден на 19 мај 1975 година во Скопје. Тој е поранешен македонски …