ИМ ПРОНАШЛЕ 29. МИЛИОНИ ДОЗИ! Откако се откриени мистериозните резерви во Италија се огласиле и од „АстраЗенека“

„АСТРА зенека“ објавила дека околу 29. милиони дози вакцини против ковид 19 биле откриени за време на инспекцијата во фабриката во Италија кои се наменети за Европската унија и за донации за посиромашните земји во рамките на шемата Ковакс, предводена од Светската здравствена организација.
На барање на Европската комисија, италијанските безбедносни сили извршиле увид во фабриката „Каталент“ во Анјани, недалеку од Рим, каде пронашле залиха на вакцини, објави весникот „Стампа“.
Италијански официјален претставник подоцна го потврдил извештајот од инспекцијата и рекол дека вакцините ќе бидат испратени во Белгија.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Kalkine Media Canada (@kalkineca)


„Стампа“ пренесува дека „Астра Зенека“ не ги известила властите на ЕУ дека има дози што се чуваат на полнењето управувано од „Каталент“. Но, по прегледот на фабриката во компанијата Халик, комесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, прашал каде одат дозите произведени на холандската локација, наведувајќи дека италијанските власти треба да го испитаат проблемот.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🅿🅸🅲🅲🅸 (@im_picci)

Откритието се случило откако „Астра Зенека“ се најде под остри критики на Европската комисија за доцнење во испораката на вакцини, бидејќи во голема мера ги промашила своите првични рокови за испорака утврдени во договорот за набавка на ЕУ. Нивното најново ветување е дека тие ќе испорачаат 30. милиони дози во првиот квартал од оваа година – што е скоро еднакво на износот пронајден на локацијата „Каталент“.

Фото:Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …