Гоца Тржан во „Интермецо мјузик бар“

Среда е одличен ден за дружба со најблиските, а во музичкиот бар Интермецо, средата е резервирана за концерти од познати музички имиња. Посетителите можат да уживаат во приватен амбиент со ограничен број на гости и одлична музичка програма.


Оваа среда, 1-ви декември 2021 година, на наше задоволство е настапот на неверојатната Гоца Тржан. Освен по многубројните хитови кои ни се добро познати, Гоца е позната по својата музичка позитивна енергија која ја шири на нејзините настапи.
Бројот на влезници е ограничен затоа што и овој настан ќе биде организиран според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а места ќе има само за најбрзите, затоа побрзајте и резервирајте го вашето место и имајте една среќна, забавна и опуштена среда.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …