ГОЛЕМ НАПРЕДОК – Германска вакцина против корона: Животните добиле имунолошка реакција

Германската компанија CureVac соопштила дека нејзината експериментална вакцина против новиот сој на коронавирус предизвикала имунолошки одговор кај животните на кои им се администрирала помала доза.
Компанијата објавила дека има намера, во јуни, да започне испитувања со луѓе и дека сегашните резултати покажуваат дека нивниот „кандидат за вакцини може да предизвика силен имунолошки одговор на неутрализација на вирусот САРС-КоВ-2“.
Претприемачот Дитмар Хоп е ко-основач на CureVac и поседува повеќе од 80% од акциите, пишува Ројтерс.

За вакцината биле заинтересирани и САД?
Според извештаите на медиумите, Соединетите држави се обиделе да ја добијат вакцината, што предизвика политичка реакција во земјата во март, а германските власти изразиле желба CureVac да остане германска компанија.
Менаџментот на CureVac негирал дека добил понуди од Соединетите држави.
Компанијата со седиште во Тибинген, која ја поддржува фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, претходно објавила дека се надева дека ќе ја развие вакцината до јуни или јули до степен до кој ќе може да започне со тестирање врз луѓето.
CureVac го користи таканаречениот пристап за РНА-гласник (mRNA), како и неговите ривали BioNTech и нејзиниот партнер Pfizer и Moderna, кои започнале со тестирање на луѓе. Компанијата Translate Bio и нејзиниот партнер Sanofi исто така работат на вакцина заснована на гласничка РНК.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …