ГАЛОСКИ НА MAIN STAGE НА Д-ФЕСТИВАЛ 2023!

За летото да звучи уште пожешко, еден од најпрепознатиливите музички фестивали во земјава добива ново засилување со најдоброто од домашната електронска музика: Galoski пристигнува на Д Фестивал 2023 директно на главната бина!


Со посебно место на плејлистите од реномирани музички брендови како Tommorowland, Creamfields, Ministry of Sound и поддршка од светски музички великани меѓу кои и David Guetta, Tiesto, Afrojack, Martin Garrix, Steve Aoki и Diplo, Galoski се запишува како наш вистински музички амбасадор!

Несомнено е кога ќе се спомене името на Галоски дека станува збор за еден од најголемите и најуспешни диџеи и продуценти на електронска музика на нашиве простори. Галоски во март годинава настапи за брендот CreamFields во SpacePlus во Бангкок, истиот месец имаше настапи во Токио и останати дестинации низ Азија.


Годината ја започна со огромен успех на изданието ALL MY LOVE кое беше прогласено за хит на неделата на една од најпопуларните радио мрежи ширум Америка – SiriusXM.

Сигурниот пат на кој Galoski се искачува во својата светска музичка кариера го потврдуваат и неговите бројни изданија под најголемата издавачка куќа за електронска музика Spinnin Records и Spotify преслушувањата кои се веќе со милионска бројка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …