Сопственикот на Челзи го купува француски Стразбур

– Американскиот конзорциум „BlueCo“, кој лани го купи премиерлигашот Челзи, ќе ја презема контролата и врз францускиот фудбалски прволигаш Стразбур.

Англиските медиуми јавија дека сопственикот на Челзи, американскиот милијардер Тод Бојли и неговите соработници, за мнозинскиот пакет акции на Стразбур ќе платат околу 70 милиони евра.


„Овој договор претставува ново поглавје во историјата на Стразбур. Ни претставува чест да бидеме дел од овој историски клуб.

Оваа стратешка инвестиција ќе ја зајакне нашата присутност во европскиот фудбал, заедно со нашиот удел во Челзи“, соопшти синоќа американскиот конзорциум.


Дел од навивачите на Стразбур не ја дочекаа со одобрување продажбата на клубот, а дел од нив се фотографираа со транспарент на кој пишуваше „Бојли, не си добредојден“.

Стразбур минатата сезона заврши на 15 место во француската Лига 1. ег/ФОТО: Фејсбук .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …