Македонските тенисерки изборија финале во Третата Европска зона во Били Џин Кинг купот

– Македонската женска тениска репрезентација обезбеди пласман во финалето во Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот, откако попладнево во Скопје во завршното петто коло ја совлада Молдавија со 3-0 и со максимален ефект од пет победи заврши првопласирана во групата Б.

Почетна предност за македонската репрезентација обезбеди Магдалена Стоилковска, која со 2-0 во сетови (7-6, 7-5) ја совлада Даниела Чобану за два часа и четири минути игра.


Триумфот над Молдавките и пласманот во утрешното финале го донесе Лина Ѓорческа со победата над Екатерина Висневскаја со 2-0 во сетови (7-5, 6-3) за што и беа потребни еден и пол час игра.

Во завршниот натпревар во двојки, македонскиот дубл Ива Данева и Александра Симева беа поуспешни со 6-3,7-5 од Лиа Белибова и Арина Гамреткаја ег/вј/  ФОТО: МТФ  .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …