Хаџибегиќ веќе не е селектор на БиХ

– Фарук Хаџибегиќ веќе не е селектор на Босна и Херцеговина, ја потврди денеска босанската фудбалска Федерација (НС БиХ) одлука која беше очекувана по серијата слаби резултати во квалификациите за ЕУРО2024.

„Претпладнево имаше разговор меѓу претседателот на НС БиХ, Вицо Зељковиќ, директорот на репрезентацијата Звездан Мисимовиќ и Хаџибегиќ, и договорен е спогодбен раскин на соработката со овој стратег“, се наведува во кусото соопштение.


БиХ под водство на Хаџибегиќ одлично стартуваше во евроквалификациите совладувајќи го Исланд со 3-0 на домашен терен.

Меѓутоа, уследија гостински порази од Словачка (0-2) и Португалија (0-3), а незадоволството кулминираше со поразот на домашен терен претходно оваа недела од Луксембург (0-2). ег/ФОТО: Фејсбук .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …