Меѓународниот олимписки комитет ја критикува Украина

– Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, ги критикуваше украинските власти поради забраната на своите спортисти да учествуваат на олимписките квалификации на кои настапуваат и спортисти од Русија и Белорусија.

Украинските спортисти изминатите недели ги пропуштија светските или европските првенства во џудо, мечување и таeкводно на кои под неутрални обележја се појавија и руски и белоруски натпреварувачи.


МОK во мај предложи руските и белоруските спортисти да можат да се вратат на меѓународните натпреварувања под неутрален статус и под услов да немаат поврзаност со руските вооружени сили, а одлуката за нивен евентуален настап да ја носат раководните тела на меѓународните федерации.

„Тешко е да се разбере зошто украинската Влада им ја одзема шансата на своите спортисти да се квалификуваат (за Олимписките игри 2024) во Париз.


Украинските спортисти ги казни сопствената влада“, рече претседателот на МОК, Бах. ег/ФОТО: Твитер .

Извор: МИА


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …