Каде што децата не се бесни и куќата не е тесна – е стара поговорка која можеме да ја прошириме и на членовите на семејството од друг вид – домашните миленици.
Елизабет и нејзиниот сопруг имаат три деца, а тоа големо канадско семејство има и големо срце па во својот дом од улица донеле и спасиле три мачки и три кучиња. Елизабет вели дека и пружиле толку љубов што со зборови не може да се опише и говори за прекрасниот однос кој нивниот најмлад син Арчи го има со животните. Впрочем, фотографиите говорат повеќе од зборови.
Извор: Инстаграм/Elizabeth Spence