Ангела Николау, руска самоука фотографка која се прославила со „најопасните селфи фотки на интернет“ нашла дечко кој е подеднакво „луд“ и сега заедно се качуваат стотина метри во воздух во потрага по совршено селфи.
Ангела Николау и Иван Берекис ја освоила и „највисоката дигалка во Хонг Конг“ што само уште еднаш го привлекло вниманието на светските медиуми.
24. годишната блогерка на Инстаграм ја следи скоро половина милион фанови, а нејзините снимки редовно ги гледаат десетици илјди луѓе.
Некои ја осудуваат, други и се восхитуваат, но сите се согласуваат дека успеала да се истакне во „поплавата на блогери“.
„Некогаш се качувам без камера само да го видам излегувањето или заоѓањето на сонцето“ рекла неодамна за BBC.