„Вака изгледав после судирот со таксистот кој мислеше дека има право на моето тело“

Хаштагот #MeToo,за разлика од повеќето интернет трендови, ниту малку не губи на актуелност. Напротив, се’ повеќе жени ширум светот ги откриваат своите приказни за сексуалното злоставување кое го доживеале.Една од нив е и фотографката од Азербејџан, Рена Ефенди.


#metoo when a taxi driver thought he had a right to my body, but I fought him back and managed to escape. It’s good to…

Posted by Rena Effendi on Mittwoch, 18. Oktober 2017


„Таксистот мислеше дека има прво на моето тело, но се борев со него и успеав да избегам. Добро е конечно да се види дека толку многу се пишува за проблемот на сексуалното злоставување. Беше потребно некој моќен и познат во Холивуд да ја покрене оваа тема и да предизвика реакции ширум светот. Да се надеваме дека „моментот“ ќе остане и ќе расветли друга приказна на обичните луѓе кои преживеале сексуално насилство.Знаеме дека тоа се случува секој ден и насекаде во светот: во војна, на улица, во канцелариите, на јавните места и во семејствата.За жал, поради општествените стигми за повеќето случаи никогаш не се пишува или се дознава дека насилниците не се кзанети. Се надевам дека културата на посрамување нема да запре на тоа овие приказни конечно да се раскажат“ напишала Рена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …