(ФОТО) Ѕвездата на „НЦИС“ и „Бул“ престојува на Корчула и се чести со деликатеси!

Не е тајна дека Јадран привлекува бројни познати холивудски ѕвезди. Така американскито глумец Мајкл Ветерли, познат по улогата во крими серијата „Navy CIS“  и „Бул“го посетил островот Корчула…
Летото и официјално започнало па бројни гости побрзале кон Јадранскиот брег. На хрватското море, острови и брег не му одолуваат ниту холивудските ѕвезди, а Мајкл Ветерли (50) моментално престојува на Корчула. Така глумецот, познат по улогата во серијата Navy CIS, на Инстаграм се пофалил дека ужива во вкусните островски деликатеси.

На Ветерли не му е првпат да го посети хрватскиот брег. Пред две години бил во Дубровник, а тогаш открил дека почесто ќе престојува во тој град бидејќи семејството на неговата сопруга, лекарката Бојана Јанковиќ која по потекло е од Србија, купило куќа блиску до градот.


Инаку, своето познавање на Балканот, глумецот го покажал во една телевизиска емисија.
 

„Минатото лето со семејството патував во Србија и неколку блокови ме следеше едно дете. На крај застанав и го поздравив, а тој рече:’Iz it tru, ar ju Majkl Vederli?’“, раскажал карикирајќи го гласот на детето и додал „Малечкиот имаше околу 10. години, но така зборуваат во Србија, почнуваат да пушат со шест години“.

Додека ги раскажувал доживувањата од Балканот водителот и гледачите се смееле.

„Тоа исто момче ми рече дека е голем фан на серијата, но дека во живо изгледам многу старо. Прво помислив дека е тоа поради шминката, но потоа сфатив дека тие ја гледаат сезоната од 2003. година“, се пошегувал глумецот.
Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …