(ВИДЕО+ФОТО) Novitec створил „ѕвер“: Слушнете како грми тунираниот Ferrari V12

NOVITEC е еден од тунерите чии работи неретко се оценуваат позитивно и со самото тоа се повеќе на цена. Она што го направиле од Ferrari GT не е исклучок.
Реномираниот тунер го претставува Н-пакетот за Ferrari 812 Superfast, кој доаѓа како надградба со дури 14 см поширок одзади, додека предниот крај претрпел напола „поскромни“ преправки. Секако, сите додатоци се од карбон, а купувачот самиот го избира финишот, нијансата и степенот на мазните површини.А, зборуваме за надградба на која работел Виторио Стросек.

Но, Novitec не застанал тука, па додал поголемо крило одзади и му придружил импозантен браник со дифузер.Поголеми се и тркалата од Восен сега со обем од 21 инчи напред и број поголем одзади. Оние одзади носат гумени ваљаци со мерки 335/25.
Листата на преправки во визуелна смисла завршува со спуштање на автомобилот за 35 мм, но со хидраулика која по потреба го подигнува автомобилот за 40 мм кога Ferrari ќе наиде на препрека. Одзади пак нови топови, сега со четирикратен пресек.

Конечно, доаѓаме и до моторот. V12 атмосферски драгоцен камен после дотерувањето дава дополнителни 40 КС, односно 840 КС, а зголемен е и бројот на вртежи, од 718 на 751 Нм. Ниту малку лошо за мотор со ваква концепција. Впрочем, 2,8 секунди за спринт до стотка и 345 км.час не се вредности на кои некој би се пожалил.


Фото: Novitec

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …