„Љубов и револуција“ во сабота во Градскиот парк

По фантастичниот прв концерт „Ну погоди“ кој го проследија илјадници вљубеници во музиката од најразлични генерации, следува премиерна изведба на вториот концерт во рамки на циклусот „Филхармонија на отворено“. Во сабота во 21 часот во Градскиот парк премиерно ќе прозвучи концертот насловен „Љубов и револуција“ на кој публиката ќе има можност да ги чуенајпопуларните песни од поп-рок и панк музиката кои претежно ги одбележаа 1990-тите години.

Под диригентската палка на Џијан Емин и во негови аранжмани ќе бидат изведени песни на култните „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, Дејвид Боуви, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Пинк Флојд“, „Рамштајн“…Заедно со оркестарот на Филхармонија, ќе настапи и хорот „ПроАрс“ чиј диригент е Сашо Татарчевски, кој ќе биде главен носител на проектот.


И овој концерт, како и првиот, претставува уникатна идеја во смисла на тоа ваков тип на композиции да бидат изведени од страна на симфониски оркестар и хор, што е ретка практика и во светот.

И двата концерти се реализираат во соработка со Младинскиот културен центар и Град Скопје.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …