(ФОТО) ВОЗЕЊЕ ВО ГРАДСКИ АВТОБУС ВО СКОПЈЕ: Каква корона, каква оддалеченост – наредени како “сардини во конзерва“!

На страната „Против труење и загадување на народот“ се појавија вознемирувачки фотографии за навалиците во автобусите на јавниот превоз во Скопје и се наметнува прашањето дали некој го гледа ова?


Препораките се да се седи дома за да не се шири корона вирусот, но луѓето мораат и на работа, а нема секој автомобил…



Во се што го читаме и гледаме овие недели се препорачува луѓето да се без социјални контакти и оддалечени до два метри еден до друг. Но, во автобусите на ЈСП патниците се по четворица на еден квадратен метар па дишат еден во друг…не со цел да заразат некого, туку едноставно да го најдат своето место во автобусот за да стасаат до своето одредиште.


По ова прашање дефинитивно нешто мора да се преземе…
„Пуштете повеќе автобуси“, порачуваат патниците.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …