(Вознемирувачко видео) ВРЕМЕ ЗА ОСВЕСТУВАЊЕ – ЕВЕ КОЛКУ Е СЕРИОЗНО: Болните лежат по подот на болница во Шпанија, нема ниту слободно столче!

Ужасните сцени од шпанската болница на кои се гледаат пациенти со коронавирус кои лежат на подот на преполни болници, кашлаат и се борат за здив треба да бидат отрезнувачки за многумина кои не ја сфатиле сериозно оваа пандемија, особено за оние кои не ги почитуваат мерките за изолација и прекинување на контактите со други.
Видеото, исто така, јасно ја покажува целата напорна работа на медицинскиот персонал што се обидува да му помогне на секој од нив, без оглед на условите. Повеќето пациенти имаат шишиња со кислород, а на многумина им е дадена инфузија. За жал, големината на епидемијата е толку голема што пациентите примаат третман додека лежат на подот на болницата „Инфанта Леонар“, во шпанската престолнина Мадрид.


Бројот на починати во шпанската престолнина се искачи на 1.230, а бројот на потврдени случаи на 10.575.
Во Шпанија, бројот на заразени лица денес се искачи на 35.136, а ова е најранливата европска земја по Италија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …