Кели Шеј Смит (56) го освоила срцето на Пирс Броснан (66) со кого е во брак од 2001. година а ги имаат синовите Дилан и Парис, а јавноста не престанува да го осудува нејзиниот изглед, како и годините и често е на мета на грди коментари.
Кели Шеј Смит не е како сите други убавици кои шетаат со популарните глумци по црвените теписи, таа не ги крие своите облини и не ги крие своите несовршености.
Кога глумецот еднаш го прашале што мисли за килограмите на својата сопруга, тој шмекерски одговорил:„Таа е една во милион. Толку сум среќен што ја најдов“.
Овој брачен пар деновите ги минува на плажа, капејќи се во топлата вода и излежувајќи се на лежалките и уживајќи на топлото сонце.