Војводата и војвотката од Сасекс овој Божик одлучиле да го минат далеку од Лондон, во Канада, а на службениот профил на Твитер осамнала божиќна честитка на кралскиот пар која ги воодушевила нивните следбеници…
Принцот Хари (35) и војвотката од Сасекс, Меган Маркл (38) ги воодушевиле социјалните мрежи кога во понеделникот навечер објавиле божиќна честитка со седуммесечниот син Арчи. Службениот профил на Твитер на кралскиот пар објавил фотографија на која Меган и Хари позираат пред елка додека сето внимание го украл Арчи кој љубопитно гледал во фотоапаратот.
Just sharing the sweetest Christmas Card from our President and Vice-President, The Duke and Duchess of Sussex. Very Merry Christmas, everyone! pic.twitter.com/McOcHALoGl
— The Queen's Commonwealth Trust (@queenscomtrust) December 23, 2019
„Ова е најслатка честитка на војводата и војвотката од Сасекс. Среќен Божик на сите“, стои во објавата на службениот профил. Кралскиот пар е познат по тоа дека не се придржува до пропишаните обичаи, па за овие празници одлучиле да ја посетат Канада каде Меган живеела седум години.
Војводата од Сасекс беше чест посетител на Канада, а на војвотката и била дом седум години пред да стане член на кралското семејство, па поради Хари се простила од ликот на Рејчел Зејн во популарната серија „Suits“ која ја лансирала меѓу ѕвездите.
Бабата, кралицата Елизабета II. (93) го подржала планот на Меган и Хари да се одмроат и да не се придружат на остатокот на кралското семејство на Божик.