Популарниот пејач, актер и продуцент завиткал банана во шарена хартија и на својата ќерка и ја дал како божиќен подарок. Нејзината среќа воодушевила многумина на социјалните мрежи
Американскиот пејач, актер и продуцент Џон Роџер Стивенс, познат како LGND, се обидел да ја „зафркне“ својата ќерка со тоа што завиткал банана во шарена хартија, која и ја подари како Божиќен подарок, но таа била толку воодушевена од бананата што видеото кое го направил додека малечката го отвора подарокот „ги запалил“ социјални мрежи.
Погледнете го видеото:
„Се обидов да и’ го дадам најлошиот можен подарок кој можете да го смислите, и никогаш не очекував таква реакција“, вели LGND од Лос Ангелес.
Кога малечката Арија започнала да го одвриткува подарокот, таа го фатила врвот на бананата со аголот на окото и лицето веднаш и блеснало и од воодушевување извикала, ’банана’! Таа барала нејзиниот подарок да биде отворен до крај, а потоа ентузијастички мавтала со него и – го изела.
Таткото вели дека се обидел да се пошегува со својот син Јуастис на ист начин минатата година, а големи се шансите дека истото ќе се случи и со неговата најмалечка ќерка следната година.
„Негјзината реакција беше одлична, и покрај тоа што е само банана“, вели нејзиниот татко.
Видео кое е прегледано повеќе од милион пати ги воодушевил гледачите.
„Нејзината благодарност е прекрасна“, пишува еден од нив, додека другиот вели дека насмевката на Арија му зимамила солза во окото.
„Децата се најблагодарни суштества на светот и не бараат многу. Смешно е како луѓето се обидуваат да им дадат овошје на децата како најлош можен подарок, но се обложувам дека го сакаат толку многу што се среќни што добиле нешто толку вкусно. А тоа е работа што таа може да ја изговори – па тоа е среќа, вели третиот.
Тоа покажува дека децата се всушност среќни со сè што добиваат, затоа што тоа е подарок и тоа е доволно за нив, заклучиле некои гледачи.