(ФОТО) Учителка станала хит на интернет поради својот аутфит во кој на децата им предавала анатомија

Учителка од Шпанија станала хит на социјалните мрежи откако на Твитер се појавиле фотографии на кои се гледа како на децата им предава анатомија на човековото тело во аутфит кој го подготвила посебно за таа пригода.
Вероника Дукуе (43) е учителка 15. години а моментално предава на трето оделение. За време на лекцијата за човековото тело била посебно инспирирана, а идејата ја добила кога на интернет наишла на костум за капење.
„Знаејќи дека е тешко на малечки деца да им се визуелизира положбата на внатрешните органи помислив дека е вредно да се обидам со тоа“, вели учителката за порталот Bored Panda. Фотографиите од класот на Твитер ги споделил нејзиниот сопруг, и бргу станале вирални.


Гордиот сопруг, Мајк Моратинос, на Твитер напишал дека Вероника на учениците човековото тело им го објаснува на многу оригинален начин за што приложил фотографии кои добиле повеќе од 65. лајкови.
Многумина на Твитер се полни со пофалби за учителката иако имало и поинакви коментари – „Убаво, но во некои земји тоа би бил голем скандал“, е еден од коментарите.
Дукуе во своето училиште е позната по тоа дека користи реквизити и костуми за да им помогне на учениците во учењето.
„Одамна одлучив да користам костуми и маски за лекции од историја“, вели таа и заклучува:„Би сакала општеството да престане на учителите да гледа како на мрзеливи бирократски јавни службеници. Ние не сме тоа“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„На одмор сум, во Скопје сум“ – Настан со најразновидни активности за сите деца

Во организација на општина Центар, од денес започнува големо дружење секој ден со различни активности …