Замокот Болт, лоциран на малиот Остров на срцето среде архипелагот Илјада острови во државата Њујорк, е американска верзија на бајката за замокот, што е необична загатка од средновековен и викторијански стил. Болт е споменик на љубовта што завршила трагично.
Сопственикот на познатиот хотел „Валдорф Асторија“ во Њујорк, Џорџ Болт, решил да подигне споменик на љубовта кон неговата сопруга Луиз.
Двојката го купила островот, а Џорџ одлучил да изгради замок за својата подобра половина за нејзиниот роденден, кој бил на Денот на вљубените. Тој дури успеал да го преобликува островот за да изгледа како срце.
Во 1900 година започнала изградбата на шесткатен замок, а една година пред да се изгради, Луиз починала на 41-годишна возраст. Тогаш Џорџ ја запрел градбата и никогаш не се вратил на овој остров.
Тој го продал замокот, а во 1977. година тој бил обновен и денес е отворен за јавноста.