Ако ниту еден вирус не може да ве заобиколи, а не сакате да земате лекови, можете сами да направите природен антибиотик против настинка
Ако често сте подложни на настинки, вируси и разни воспаленија, време е да внесете вистинска природна „бомба“ во вашето тело, што ќе го зајакне вашиот имунитет. Што е најважно, можете сè да направите сами.
Многумина веруваат дека комбинацијата на овие седум моќни состојки од природата му дава на телото сила да се одбрани од опасни болести.
Состојки:
1 лажица куркума
2 лажици јаболков оцет
1/2 лажица рендан лимон
прстофат црн пипер
1/2 лажица рендан лук
1/2 лажица рендан ѓумбир
100 гр мед
Подготовка: сите состојки, освен медот, ставете ги во тегла, а потоа додадете го медот. Промешајте ја смесата и чувајте ја теглата на суво и темно место. За потполн ефект, треба да земате една лажица на ден, а најдобро е природниот антибиотик да го земате наутро на празен стомак.