(ФОТО) Вилијам и Хари заедно на споменикот на нивната мајка – лејди Ди!

И покрај бројните шпекулаци браќата, принцовите Вилијам и Хари биле заедно на откривањето на споменикот на нивната мајка која денес би наполнила 60. години.
Принцот Вилијам вчера ги однел децата да го видам споменикот посветен на нивната баба.
Принцот Хари на својот профил на Инстаграм објавил фотографија на местото каде ќе стои споменикот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (Info) (@harry.dukeofsussex)


Но, принц Вилијам пред еден час на официјалниот профил на војводата и војводката од Кембриџ на Инстаграм споделил фотографија со соопштение во име на двајцата браќа:


„Денес, денот на кој ќе беше 60-тиот роденден на нашата мајка, се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер – квалитети што ја направија сила за добро низ целиот свет, менувајќи безброј животи на подобро.
Секој ден, посакуваме таа да е сè уште со нас и нашата надеж е дека оваа статуа ќе се гледа засекогаш како симбол на нејзиниот живот и нејзиното наследство.
Му благодариме на Иан Ранк-Бродли, Пип Морисон и нивните тимови за нивната извонредна работа, на пријателите и донаторите кои помогнаа да се случи ова и на сите низ целиот свет кои го одржуваат во живот споменот на нашата мајка“, стои во соопштението под кое се потпишани принцот вилијам и принцот Хари..

На откривањето на споменикот присуствувале само најблиските на лејди Ди од семејствата Виндзор и Спенсер. Принцот Чарлс се извинил со обврски во Шкотска поради што нема да биде присутен, додека поради неприсуствувањето на Меган Маркл, која поради бебето морала да остане во Лос Анџелес, и на Кејт Мидлотон не и било дозволено да присуствува.

Г.О.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …